ФУДБАЛ

Анчелоти избра: Титула во Лигата на шампионите или Килијан Мбапе?

Реал Мадрид на крајот од фудбалската сезона е една од главните теми во светските медиуми.

Кралевите на 28 мај во Париз ги очекува финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул и борбата за 14. Европска Лига на шампиони, а покрај тоа постојано се пишува за потенцијалниот трансфер на Килијан Мбапе во редовите на овој клуб.

Интересно прашање на прес-конференцијата даде тренерот на Лос Бланкос, Карло Анчелоти, а новинарите побараа од него да избере помеѓу освојување на Лигата на шампионите и доведување на Мбапе.

 

Италијанскиот стручњак не размислуваше долго што да одговори.

 

“Ако навивачите ме прашуваат за Мбапе? Не. Мислам дека сите наши навивачи се фокусирани на финалето на Лигата на шампионите. Воопшто не размислувам за Килијан Мбапе. Нашата единствена цел е финалето во Лигата на шампионите. И престанете”, изјави Анчелоти. додавајќи:

„Мбапе или освојување на трофејот во Лигата на шампионите? Мислам дека сите размислуваме за освојување на 14. Лигата на шампионите. Конечната одлука на Мбапе? Видете, сега сум загрижен само за финалето на Лигата на шампионите.“

 

 

ПОВРЗАНО

Лига на шампиони