Фудбалерите на Реал Мадрид посакуваат ново финале во Лигата на шампионите, па Карло Анчелоти повеќе не се грижи за Ла Лига.
Барселона можеби веќе математички ќе ја завери титулата во недела, но во Мадрид не се загрижени за тоа и гледаат кон финалето на Лигата на шампионите.
Карло Анчелоти одмори некои играчи, па денеска не тренираат Карвахал, Алаба, Крос, Родриго и Бензема. Освен нив, викендов против Хетафе се очекува да одморат и Модриќ и Винисиус Јуниор.
Добрата вест е што Ферлан Менди се опорави и денеска се врати во тимот и дека ќе биде подготвен за Манчестер Сити.
Реал во сабота од 21 часот го пречекува Хетафе, а во исто време во среда гостува на „Етихад“.
