ФУДБАЛ

Анчелоти: Јовиќ е малку мрзелив, но ќе биде добар во Фиорентина

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти за Firenzeviola.it изјави дека српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе биде добар во Фиорентина и дека неговиот најголем проблем е што е малку мрзелив.

На своето деби за Фиорентина, Лука Јовиќ постигна четири гола за 28 минути во пријателскиот натпревар против Реал Виченца.

„Јовиќ е одличен напаѓач. Не е многу подвижен, но силен е во шеснаесетникот и добро игра со глава и со двете нозе. Сериозен играч. Ако е мотивиран, убеден сум дека ќе биде добар во Фиорентина. Недостатоци? Понекогаш е мрзлив, му треба засилување“, изјави Анчелоти, а пренесува новинарот на Firenzeviola.it, Енцо Бучиони.

Лука Јовиќ неодамна пристигна во Фиорентина без обештетување, но Мадрид ќе добие 50 отсто од неговиот следен трансфер. Реал го купи српскиот напаѓач во 2019 година од Ајнтрахт за сума од 63 милиони евра.