ФУДБАЛ

Анчелоти му прати порака на Куман по отказот од Барселона

Карло Анчелоти верува дека Роналд Куман треба да оди напред со чиста совест дека направил се како што треба откако во средата по полноќ доби отказ од Барселона.

Барселона го отпушти тренерот Роналд Куман веднаш по поразот од 1-0 против Реал Ваљекано во Ла Лига.

Каталонскиот гигант доживува мизерен почеток на сезоната, откако победи на само четири од првите 10 натпревари во Ла Лига, и како резултат на тоа се наоѓа на деветтото место на табелата.

Уште полошо е во Лигата на шампионите, бидејќи е на третото место во групата Е по поразите од 3-0 од Баерн Минхен и Бенфика.

Куман ја прели чашата со синоќешниот пораз во Ваљекано и сега Барселона е во потрага по нов тренер, кој по секоја веројатност ќе биде клупската легенда Чави Ернандез.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти синоќа на прес-конференција беше запрашан за отказот на Куман по ремито на неговиот тим против Осасуна.

„Многу пати сум добил отказ и се уште сум жив, среќен“, одговори Анчелоти.

„Отказот е дел од работата и треба да дадеш се за да бидеш тренер. Треба да продолжите напред со чиста совест дека сте направиле се како што треба“, додаде тој.

„Верувам дека Куман даде се што може.“ 

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига