Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, денес го објави списокот на играчи за претстојните натпревари од јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Бразил во септември ќе игра против Чиле и Боливија, а ова е втор список на Анчелоти откако ја презеде селекторската функција.
Она што ги изненади многумина е тоа што ниту еден од четворицата играчи на Реал Мадрид – Винисиус Жуниор, Родриго, Едер Милитао и Ендрик – не се најде на списокот. Го нема ни Нејмар, кој моментално игра за Сантос.
Отсуството на Родриго и Винисиус беше очекувано, бидејќи Бразил веќе обезбеди пласман на Светското првенство 2026, а селекторот одлучи да им даде шанса на други фудбалери и да види на кого може да смета за Мундијалот.
Од странство, повикан е само капитенот Рафиња, а покрај тоа, Винисиус е суспендиран за првиот натпревар.
Бидејќи патувањето на голема надморска височина во Боливија би претставувало дополнителен напор, одлучено е да биде поштеден.
Милитао дури неодамна ја залечи повредата, па селекторот не сакаше да ризикува. Ендрик сè уште е повреден.
