ФУДБАЛ

Анчелоти: Не знам зошто ВАР не интервенираше…

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не беше расположен на видео конференцијата по ремито (0:0) со Осасуна.

„Моравме да бидеме поостри при влегувањето во шеснаесетникот“, започна Анчелоти и додаде:

„Дали тоа беше пенал е комплицирано прашање. Сè што можев да видам во тој момент беше како Винисиус побара од судијата да погледне на ВАР и не разбрав зошто. Подоцна сфатив зошто, тој доби удар и мислам дека тоа беше пенал. Зошто ВАР не интервенираше, не знам… Му кажав на судијата дека е потребно да се продолжи натпреварот, со оглед на тоа како се одвиваат работите. Го прашав за објаснување, но ништо што ми кажа не беше убедливо“.

Италијанскиот стручњак истакнува дека нема многу за жалење за фудбалерите.

„Ми се допаѓа она што го видов од мојот тим. Во првото полувреме помалку бидејќи не ги менувавме топките доволно брзо, игравме на левата страна премногу често барајќи опции, додека вториот дел беше добар“, изјави Анчелоти.