Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ја прифаќа улогата на фаворит во дуелот со Барселона во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, без разлика што Кралскиот клуб во Ла Лига е далеку пред најголемиот ривал.
Реал како лидер во првенството и 17 бода предност го чека новото Класико кое на програмата е в среда од 20 часот во Ријад.
„Би се загрижил играчите да мислат дека се фаворити пред предизвиците што следат, но тоа не е така. Тие се свесни за тешкотијата на задачата и подготвени се да направат се за да победат. Без разлика на бодовната разлика во Примерот, натпреварите со Барселона се секогаш неизвесни. Ми се допаѓа сегашната Барселона бидејќи има идентитет. Тие личат на Барселона и убеден сум дека дополнително ќе го подобрат нивото на играта во наредниот период“, изјави Анчелоти .
Италијанецот е свесен дека Каталонците имаат многу добри играчи во тимот.
“Барселона има искусни играчи како Бускетс, Пике или Алба кои секогаш имаат голем придонес. Сепак, младите се дел од тимот кој значително се истакнува во добрите игри, играчи како Гави или Ник кои можат да имаат феноменална иднина”, изјави Дон. Карло.
Во второто полуфинале од Суперкупот ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Тој натпревар се игра во четврток од 20 часот.