ФУДБАЛ

Анчелоти очекува Крос да остане во Реал до крајот на кариерата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека Тони Крос треба да го продолжи договорот со Лос Бланкос и да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.

„Крос е клупска легенда. Тој е играч од врвно ниво. Нов договор? Очекувам дека Тони сигурно ќе ја заврши кариерата тука во Реал Мадрид“, смета Анчелоти.

Актуелниот договор на искусниот германски играч за врска е до летото 2024 година.

Крос е дел од Реал Мадрид од 2014 година. За Мадрид има вкупно 405 натпревари, 27 гола и 88 асистенции.