Тесната победа над Хетафе остана на страна, бидејќи Камавинга беше принуден на клупата порано од планираното.
Талентираниот Французин направи клучен потег за голот на Винисиус на првиот натпревар помеѓу Реал и Манчестер Сити. Да не беше неговото трчање низ цела средина до шеснаесетникот, Бразилецот немаше да има добра позиција за шут и извонреден гол.
Тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти на прес-конференцијата изјави дека не е ништо сериозно и дека ќе биде подготвен за реваншот.
„Тој имаше удар на коленото, но тој е 100 отсто стабилен. Не е ништо. Тоа беше само удар и тој добро ќе се опорави. Мислам дека ќе може да тренира со тимот во понеделник. да играме во Манчестер).Мислам дека ќе го имаме целиот тим на располагање за среда“ , изјави Анчелоти.
Во првиот меч на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше 1:1, па првиот финалист ќе се решава на „Етихад“.
