Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не беше загрижен по убедливиот пораз од Барселона во Арлингтон, Тексас.
Во пријателски натпревар на тлото на САД, Каталонците победија против најголемиот ривал со 3:0 , но од овој резултат можат да бидат изненадени само оние кои не го гледаа натпреварот. Фудбалерите на Реал Мадрид дури пет пати ја погодија гредата.
Стрелец од белата точка беше и Винисухус Жуниор .
„Ретко е некој да ја погоди пречката пет пати за време на натпревар. Такво нешто досега не ми се случило, но подобро е да се случи сега во претсезоната отколку во поважен момент. Се чинеше како противникот да има ѕид пред мрежата, изјави Карло Анчелоти за клупската веб-страница и додаде:
„Градиме нов тим, сакав да видам како некои млади играчи се прилагодија на новонастанатата ситуација. Можам да кажам дека се е во ред, мора да продолжиме вака. Добро е што имавме многу шанси и без класичен напаѓач. Сите знаеме што можеме да очекуваме од Модриќ и Крос, но мило ми е што и младите момци покажаа дека овој тим има многу добра иднина“.
Следниот пријателски натпревар на Реал Мадрид е на 3 август против Јувентус во Орландо, Флорида.
