Реал Мадрид го совлада Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите со 0:1 и стигна до 14. европска титула.
Голот на одлука го постигна Винисиус Јуниор во средината на вториот дел.
По натпреварот изјавата веднаш ја даде Карло Анчелоти, тренерот на Кралскиот клуб.
“Не ми се верува! Беше тежок натпревар. Страдавме во првото полувреме, но на крајот одигравме одличен натпревар”, изјави Анчелоти и додаде:
„Заслужено славевме, го покажавме карактерот, знаењето и менталниот склоп на шампионот.
Во кои сегменти од играта Реал беше подобар, тешко можеме да дознаеме во изјавата на Анчелоти, со оглед на тоа што Ливерпул имаше 24 удари кон голот, Реал Мадрид три, од кои само еден беше во рамките на голот и тој удар на Виникус, кој испадна да биде победник.