Еуфоријата околу Андреа Белоти се смири уште од времето кога од Торино порачаа дека нема шанси тој да го напушти клубот без 100 милиони евра.
Но, напаѓачот на Торино сепак е желба на многу европски клубови.
Сега се појавија шпекулации дека Евертон тргнал во офанзива и сака да го реализира трансферот на Белоти.
Според „Тутопорт“, Белоти бил голема желба на сегашниот тренер на Евертон, Карл Анчелоти кој своевремено ги водел и тимовите Баерн и Наполи.
Како прво, Анчелоти го цени Белоти за неговите „навики за работа“ и верува дека ќе се истакне и во Премиер лигата.
Откупната клаузула на Белоти во Торино е 100 милиони евра и важи за клубови надвор од Италија. Сепак, се верува дека неговиот трансфер би можел да се реализира за многу помалку пари.
Исто така, треба да се напомене дека Евертон не е единствениот клуб кој е во трка за Белоти. Се уште се шпекулираат за интересот на Манчестер Јунајтед, но и на Наполи, Милан, Фиорентина …