SPORTM.MK

Анчелоти со големо достигнување

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти стана првиот тренер во историјата кој четири пати го освоил Суперкупот на УЕФА. Тој го предводеше Реал Мадрид до победа од 2-0 против Ајнтрахт Франкфурт и ја препиша историјата.

На Олимпискиот стадион во Хелсинки се одигра натпреварот меѓу победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Головите за Мадрид ги постигнаа Давид Алаба и Карим Бензема.

Анчелоти е четири од четири во битките за Суперкупот на УЕФА. Тој триумфираше двапати со Милан во сезоните 2003/04 и 2007/08. Со Реал успеа во 2014/15 и 2022/23.

Дон Карло во својата кариера има освоено вкупно 24 трофеи, а зад себе остави имиња како Сер Алекс Фергусон и Џовани Трапатони.