Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим, Ливерпул и ПСЖ треба да бидат загрижени за пред последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, бидејќи никој нема да биде лесно да се квалификува за следниот круг.
Ситуацијата во „групата на смртта“ го достигна својот врв пред последното коло, а најинтересно ќе биде на Енфилд каде Ливерпул и Наполи во директен дуел ќе одлучуваат за осмина-финале.
Анчелоти вели дека неговиот тим во тој меч треба да оди на победа, бо исто така на Наполи му одговара и нерешено против Ливерпул но и секој пораз од еден гол разлика, освен 1:0.
„Никој не мислеше дека ќе бидеме први во оваа група и непоразени по пет натпревари. Значи ние треба да бидеме загрижени, но треба и Ливерпул и ПСЖ на кој сигурно нема да му биде лесно во Белград“, рече Анчелоти за „Скај Спорт“, и продолжи:
„Нема да имаме наши фанови на Енфилд, во таја бројка како овде, но веќе покажавме дека можеме да ги победиме. Едноставно е, не смееме да правиме пресметки. Одиме на победа. Во моментов имаме предност во однос на ПСЖ и Ливерпул, но мора да извлечеме максимум од последните 90 минути“, изјави тренерот на Наполи.