ФУДБАЛ

Анчелоти: Црвениот картон е смешен, не е фер

Евертон денес беше поразен на гостувањето кај Саутемптон со 2:0.

Фудбалерите на Карло Анчелоти не одиграа добра партија, а во последните дваесетина минути играа и со играч помалку, откако Дињ беше исклучен.

По натпреварот, тренерот на Евертон реши да коментира за сè.

“Црвениот картон што го добивме беше смешен. Немаше намера и сигурно не беше остар почеток. Можеби оваа приказна за Пикфорд и Ричарлисон што се слушаше цела недела влијаеше на одлуката на судијата, но не е фер. Ќе се жалиме“, рече Анчелоти.

Останува да видиме дали одлуката ќе биде променета, и дали црвениот картон на фудбалерот на Евертон ќе биде поништен.