Фудбалскиот тренер на Реал, Карло Анчелоти по мечот со Ливерпул изјави дека неговиот тим не изгубил самодоверба за време на натпреварот.
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа тимот на Ливерпул со 5:2 (2:2) на гостински терен, во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Не е лесно да се победи вака, пред се поради стартот на натпреварот. Сепак, ниту еден момент не изгубивме самодоверба и малку по малку ја преземавме контролата над топката. Бевме ефективни напред, а Винисиус Јуниор имаше неверојатен настап. Ова е само првиот дел од двомечот, отиде на наша страна, но во реваншот ќе играме како да имаме многу работа “, изјави Анчелоти.
Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе се одигра на 15 март во главниот град на Шпанија.
