Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека им се извинил на играчите кои не добиле можност да играат против Шахтјор.
Реал го победи Шахтјор со 2:1. Италијанскиот стручњак направи само две измени во текот на целиот натпревар – Фернандез го замени Карвахал во 66. минута, а Јовиќ во игра влезе во 79. наместо Бензема.
Новинарите изјавија дека Марко Асенсио и Еден Азар секако биле лути поради таквата ситуација.
„Тоа е нормално и многу добро разбирам како се чувствува играч кој останува на клупата“, изјави Анчелоти.
„Им кажав на момците кои не влегоа во натпреварот дека ми е жал. Марсело се загреваше 40 минути. Освои четири ЛШ, тој е многу важен играч, но не го испратив на терен бидејќи мислев дека нема да влијае на играта. Тоа е исто така дел од мојата работа, малку грд дел“.
Што мислите, дали овие играчи имаат на што да се надеваат во „кралскиот клуб“?