ФУДБАЛ

Анчелоти: Најдовме позиција за Асенсио!

Фудбалерите на Реал Мадрид во средата навечер ја декласираа Мајорка со 6-1, а еден од хероите на натпреварот беше тројниот стрелец Марко Асенсио. Тренерот на тимот, Карло Анчелоти, исто така, ја коментираше одличната игра на шпанскиот играч за врска, кој во минатото се мачеше да најде константна форма.

Тоа беше првиот хет-трик во кариерата за Асенсио, но 25-годишниот фудбалер не ги прослави своите голови бидејќи ги постигна против поранешниот клуб.

„Добро го отворивме натпреварот и малку го сменивме пристапот – игравме со многу интензитет. Бевме поагресивни, и тоа беше нешто за што разговаравме. Играчите кои не играа толку често беа добро подготвени, а тоа е добар знак“, изјави Карло Анчелоти по натпреварот.

„Асенсио се справува многу добро на позицијата на која беше против Мајорка – меѓу редови. Може да му нанесе многу штета на противникот – одлично се комбинира со напаѓачите, а има и одличен удар. Мислам дека тоа е неговата позиција“, изјави 62-годишниот тренер на Реал Мадрид.

Следниот натпревар на „кралскиот клуб“ ќе се одигра в сабота, исто така во Ла Лига, а ривал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе му биде Виљареал. Следната недела ќе имаат натпревар од Лигата на шампионите против молдавскиот шериф, исто така дома.

ПОВРЗАНО

Ла Лига