Голманот на Камерун Андре Онана кариерата ја продолжува во Интер.
25-годишниот голман денеска беше на лекарски прегледи во базата на Интер и се очекува наскоро и официјално да стане член на актуелниот шампион на Италија.
Сепак, Онана нема веднаш да биде меѓу стативите на „нероаѕурите“, туку ќе ја заврши сезоната во Ајакс, а потоа како слободен играч ќе пристигне во Интер.
25-годишникот помина низ младинската школа на Барселона. Тој не доби шанса во првиот тим и реши да оди во Ајакс и тоа беше вистинскиот потег.
Камерунецот со години е ’единица’ на великаните од Амстердам за кои настапи 205 пати.
Според новинарот Фабрицио Роман, Онани на Интер ќе му даде годишна плата од три милиони евра, а ќе потпише и петгодишен договор.