Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана ќе одигра два натпревари во период од само 24 часа.
Тој беше многу критикуван оваа сезона, но никој не може да ја оспори неговата желба за борба. Сите знаат дека тој е квалитетен голман, што го докажа и во претходните сезони и немаше да стигне до тоа ниво доколку не беше посветен на тоа што го работи.
Сега го чека жртва која, веројатно, ја немал во текот на професионалната кариера. Имено, бидејќи сака што подолго да му биде на располагање на Манчестер Јунајтед, на 14 јануари ќе игра во дуел со Тотенхем кој е многу важен за тимот, а потоа ќе се качи во авион и ќе замине на Брегот на Слоновата Коска, каде неговата репрезентација на Камерун ќе игра на 15. јануари со Гвинеја.
Тоа беше и договорот меѓу Манчестер Јунајтед и самата Камерунска федерација.
Камерун е во група со Сенегал, Гвинеја и Гамбија.
