Помалку заборавеното германско крило Андре Шурле нема да го носи дресот на Борусија Дортмунд во новата сезона. Имено, овој поранешен фудбалер на Челзи повторно ќе игра во англиската Премиер лига – овој пат за Фулам.
Андре Шурле официјално ги засили редовите на Фулам, кој преку плеј-оф шампионатот освои место во елитното општество.
Овој 27-годишен фудбалер, откако ги изврши своите лекарски прегледи , потпиша договор со Фулам во кој пристигнува на двегодишен заем.
Засега, финансиските детали од договорот Фулам – Борусија Дортмунд не се познати, но јасно е дека во Фулам сакаат новата сезона да ја дочекаат спремни.