ФУДБАЛ

Андреа Пирло ги шокираше сите: Кристијано Роналдо на клупата во натпреварот на сезоната

Јувентус вечерва ќе игра против Болоња во рамките на 38.коло од италијанската Серија А.

Старата дама од Торино мора да достигне три бода на овој натпревар и да чека на евентуален неуспех на Наполи против Верона или Милан на гостувањето во Аталанта.

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ги шокираше сите со составот за овој натпревар и ја остави првата sвезда на тимот на Кристијано Роналдо на клупата.

Пирло реши да игра со оваа екипа на теренот уште од првата минута:

Шчесни, Куадрадо, Де Лихт, Киелини, Алекс Сандро, Кулушевски, Данило, Рабиот, Киеза, Дибала, Мората.

Сè уште не е познато зошто Португалецот заврши на клупата, но ова секако е големо изненадување.

Натпреварите во Серија А започнуваат во 20:45 часот.

ПОВРЗАНО

Серија А