ФУДБАЛ

Андреа Пирло нов тренер на Партизан?

Во Србија штотуку „одекна“ веста дека Андреа Пирло би можел да стане нов тренер на локалниот шампион, Партизан.

Оваа вест како ексклузивна ја објави Спорт Клуб.

Како што објавија, челниците на Партизан речиси по секоја цена сакаат до викендот да го добијат конечното „да“ од Андреа Пирло.

Пирло веќе е во Белград, каде официјално е во фудбалски камп, а како што понатаму пренесува споменатиот извор веќе се воспоставени контакти, а Пирло оставил простор за понатамошен разговор.

Веќе се споменува платата која би ја добил легендарниот Италијанец, а таа изнесува 1,5 милиони евра по сезона.

„Може ли да оди во друг црно-бел камп по Торинезе? По Италија, во Србија… По Јувентус, во Партизан… Очигледно, во моментов изгледа како фантазија, но… Партизан е сериозен за големиот Андреа Пирло, многу брзо ќе се знае“, стои во заклучокот во споменатиот извор.

Да потсетиме, Пирло досега во својата тренерска кариера го водеше Јувентус на 52 натпревари, го освои Купот и Суперкупот на Италија, а од мај 2021 година е и без работа.