ФУДБАЛ

Андреа Пирло откри како ги казнил тројцата бунтовници за прекршување на правилата

Пауло Дибала, Артур Мело и Вест Мекени се најдоа на удар на критиката откако беа казнети за забава организирана од американски фудбалер.

Мекени организираше забава во неговата куќа и ги прекрши строгите мерки против коронавирусот што се на сила на Апенините.

Еден од соседите ги пријавил и наскоро пристигнала полицијата, а секој од нив е казнет со 400 евра. Но и Јувентус објави казни за нивното непромислено однесување.

Денеска зборуваше и тренерот на овој тим, Андреа Пирло, кој потврди дека веќе ги казнил и дека нема да играат некое време.

“Тројцата не се поканети за утрешниот натпревар против Торино. Тие продолжуваат да тренираат и ќе видиме кога повторно ќе бидат во конкуренција за натпреварот. Јас ја донесов оваа одлука и клубот ќе го стори останатото. Ова не е правилно време да се прават такви работи затоа што мора да им дадеме пример на другите граѓани дека правилата не смеат да се кршат“, рече Пирло.