Репрезентативците на Македонија пристигнаа во Скопје по што нашиот селектор Игор Ангеловски го испрати легендарниот Горан Пандев во заслужена пензија.
Нашиот селектор има договор до крајот на јуни и кажа дека дуелот со Холандија е последен за нашата репрезентација.
Ангеловски и Пандев се поздравија по пристигнувањето во Скопје и се разделија по успешна соработка од шест години.