Македонија утре го игра дебитантскиот натпревар на ЕУРО.
Пред утрешниот натпревар селекторот, Игор Ангеловски првпат зборуваше за медиумите во Букурешт.
„Обземени сме со силни емоции. Треба да се гордееме, но веруваме дека можеме уште повеќе. Кога пред шест години отидов кај Горан Пандев во Џенова започна оваа приказна.
Можеби сме аутсајдери на првенството, но не ни пречи таа улога. Напротив, дополнително носи мотив кај сите нас. Одработивме добри подготовки и сите фудбалери со нетрпение ја очекуваат средбата со Австријците“, изјави селекторот.
Македонија утре во 18:00 часот на “Нациомална Арена Букурешт”, ќе го одигра првиот натпревар на ЕУРО.