Македонија денеска на ждрепка која се одржа во Амстердам, ги дозна своите противници во групата за второто издание на Лигата на нации.
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, после ждрепката во Лигата на Нации, даде своја изјава.
„Најискрено во овој момент сите мисли и целата концентрација ни е насочена кон натпреварот со Косово“.
„Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место”.
„Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со било кој противник, а така ќе биде и овој пат. Одиме да го освоиме првото место во групата”.
„На хартија противниците не се атрактивни, но секако поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода”.