ФУДБАЛ

Англичаните биле шокирани откако го слушнале Абрахам како зборува италијански

Синоќа фудбалерите на Рома ја победија Монца со 3:0 во натпреварот од четвртото коло од италијанската Серија А.

Рома одлично ја отвори сезоната и по четири кола избраниците на Жозе Мурињо се на првата позиција со десет освоени бода.

Рома синоќа ја оправда улогата на фаворит против Монца и на крилата на Дибала успеа да оствари лесна победа од 3:0.

Дибала покажа дека ќе биде огромно засилување оваа сезона и успеа да постигне два гола, а еден гол постигна Ибанез кој кон средината на вториот дел ги постави конечните 3:0.

Интересно, синоќа најдобриот играч на овој тим, Тами Абрахам, не успеа да постигне гол, но сепак се најде во центарот на вниманието на англиската јавност по натпреварот против Монца.

Имено, Абрахам даде изјава за клупскиот канал на Рома по натпреварот против Монца, а во Англија останаа шокирани од тоа колку добро поранешниот напаѓач на Челзи зборува италијански.

 

Абрахам дојде во Рома пред само една година и веќе течно зборува италијански, што ги изненади сите, но секако е голема пофалба што толку многу му се посвети на својот клуб.

Англичаните изјавија дека Абрахам покажал каков професионалец е, а го споредија со Серхио Агуеро кој десет години го носеше дресот на Манчестер Сити и е легенда на овој клуб, но никогаш не го совлада англискиот јазик како што треба.

Дури и во документарецот на Премиер лигата кој беше направен во чест на Агуеро, поранешниот аргентински напаѓач зборуваше на шпански.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСерија А