Фудбалерите на Англија синоќа во Неапол го совладаа европскиот првак Италија со 2:1 , во првото коло од квалификациите од групата Ц за ЕВРО и во реприза од финалето на последното Европско првенство.
Ден по натпреварот не се зборува толку за фудбалот, туку за случувањата пред почетокот на натпреварот.
Конкретно, Англичаните имаат големи замерки за начинот на кој се пеела нивната национална химна. Италијанската пејачка Елионора погреши уште на почетокот на химната, го погреши целиот текст и интонација и ги остави Англичаните во неверување.
Таа потоа се извини и објасни дека има технички проблеми на стадионот.
Ниту Италијанците не беа многу посреќни, химната на земјата домаќин ја пееја Џиџи Д’Алесио и раперот Клементино со прилично чуден тон.
Начинот на интонирање на англиската национална химна можете да го видите во прилог подолу:
It really is time England changed the national anthem. #ITAENG pic.twitter.com/tqRZRgPgPJ
— Gavin Quinney (@GavinQuinney) March 23, 2023
