Фудбалерот и капитен на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн не заработи сериозна повреда на натпреварот со Иран.
Утрово се пишуваше за заминувањето на Кејн на преглед и сликање на зглобот на десната нога и стравот дека може да го пропушти натпреварот против САД, како и остатокот од турнирот доколку се покаже дека состојбата му се влошила.
Сепак, ништо од тоа нема да се случи. Кејн треба да биде подготвен за Американците, и повторно да ги води со лента околу раката.