Фудбалерите на Англија на гостување во Севилја уште од првото полувреме покажаа дека се дојдени за победа, по 45. минути игра резултатот беше 0:3, а крајниот резултат беше 2:3.
Англичаните до триумф стигнаа благодарение на прекрасната игра во првото полувреме. Стерлинг по пауза од три години постигна два гола.
Првиот гол го постигна во 16. минута за 0:1, Рашфорд беше вториот стрелец за 0:2 во 30. минута, потоа Стерлинг во 38. минута постигна повторно за убедливи 0:3.
Шпанците во второто полувреме покажа подобра игра и стигнаа до 2:3, головите ги постигнаа Пако Алкасер во 58. минута и Рамос во 98. минута.
Босна и Херцеговина во Лигата Б славеше сигурна победа со 2:0 против Северна Ирска. Стрелец на овој натпревар беше Един Џеко кој погоди во 27. и во 73. минута.
ЛИГА А
(Група 2)
Исланд – Швајцарија 1-2
ТАБЕЛА: Белгија (2 меча) 6 бода, Швајцарија (3) 6, Исланд (3) без бодови.
(Група 4)
Шпанија – Англија 2-3
ТАБЕЛА: Шпанија (3 меча) 6 бода, Англија (3) 4, Хрватска (2) 1 бод.
ЛИГА Б
(Група 3)
БиХ – С. Ирска 2-0
ТАБЕЛА: БиХ (3 меча) 9 бода, Австрија (2) 3, С. Ирска (3) без бодови.
ЛИГА Ц
(Група 2 – 4. коло)
Естонија – Унгарија 3-3
Финска – Грција 2-0
ТАБЕЛА: Финска 12 бода, Грција 6, Унгарија 4, Естонија 1 бод.
ЛИГА Д
(Група 2 – 4. коло)
Белорусија – Молдавија 0-0
Луксембург – Сан Марино 3-0
ТАБЕЛА: Луксембург 9 бода, Белорусија 8, Молдавија 5, Сан Марино без бодови.