Репрезентацијата на Англија вечерва го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство против Чешка.
Двете екипи веќе обезбедија пласман во осминафиналето без оглед на резултатите од вечерва. Англија и Чешка имаат по четири бода и во најлош случај една од овие селекции ќе се најде на третото место.
Сепак, јасно е дека Англичаните вечерва сакаат победа против Чешка за да завршат на првото место во оваа група.
Јавноста во Англија се надева дека оваа земја конечно може да го освои Европското првенство и тие веруваат дека имаат генерација што е способна конечно да ја направи среќна оваа нација.
Но, Англичаните едноставно не можат без драма на големите натпреварувања. Имено, Били Гилмур беше отстранет од тимот откако беше позитивен на коронавирус, што создаде големи проблеми.
Имено, затоа беше одлучено Мејсон Маунт и Бен Чилвел да одат во изолација бидејќи беа во контакт со Гилмур и јасно е дека ќе го пропуштат вечерашниот натпревар против Чешка.
Англија ФС одлучи дека Маунт и Чилвел одат во самоизолација, но не е јасно за англиската јавност зошто донеле таква одлука кога можеа да дозволат двајцата да бидат во составот вечерва.
Медиумите во Англија изјавија дека тие едноставно треба да ги тестираат Маунт и Чилвел денес и ако тестовите бидат негативни, тие можат да играат вечерва на Вембли.
Ridiculous. Just test them. https://t.co/Pzza5hMgpC
— Gary Lineker (@GaryLineker) June 22, 2021
Тие вчера тестираа негативно, а потоа дојде одлуката дека мора да одат во самоизолација поради контакт со Гилмур. Но, на никому не му е јасно зошто Маунт и Чилвел не беа тестирани денес за да може Герет Саутгејт да смета на нив.
За потсетување, натпреварот помеѓу Англија и Чешка се игра вечерва во 21 часот, а во Глазгов истовремено играат и Хрватска – Шкотска.