Мартин Одегард пристигна во Реал Мадрид летото 2015 година со префиксот на најдобриот млад играч во Европа, но едноставно во тој момент немаше место во Кралскиот клуб.
Младиот Норвежанец беше позајмуван на Херенвен, Витес и од ова лето Реал Сосиедад, во кој игра навистина одлично.
Тој беше прогласен за најдобар играч во неговиот нов клуб минатиот месец, а доколку продолжи со вакви игри, Зинедин Зидан многу лесно може да го врати од позајмица.
Одегард освен во Реал, исто така, има можност да се пресели во Ливерпул.
Според некои шпекулации, Норвежанецот би бил на располагање за сума од триесет милиони евра, но Манчестер Јунајтед и Тотенхем покажаа интерес за неговите услуги.
Останува да се види каде отиде Одегард или пак ќе остане во Сосиедад.