ФУДБАЛ

Англиските гиганти вниманието го насочија кон Хамес

Хамес Родригез би можел да го напушти Реал Мадрид само шест месеци по враќањето од позајмицата во Баерн Минхен. Манчестер јунајтед и Тотенхем го сакаат уште во јануари

Враќањето на Хамес Родригез во Реал Мадрид би можело да биде краткотрајно.

Колумбиецот се врати од позајмицата во Баерн Минхен во текот на летото, но неговиот втор престој на „Сантијаго Бернабеу“ може да трае само шест месеци.

Всушност, поранешниот играч на Порто и Монако би можел да го напушти Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок.

„Ел Десмарк“ пренесува дека англиските гиганти, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, покажале интерес за офанзивниот играч.

За Волверхемптон исто така се вели дека побарал информации за офанзивниот играч од средниот ред.

Хамес исто така сака заминување бидејќи не е редовно активиран во тимот на Зинедин Зиданет.

Дури и минатото лето се шпекулираше дека тој веднаш ќе го напушти Мадрид, но сепак остана во главниот град на Шпанија.