Британски „Сан“ спроведе анкета меѓу навивачите на Манчестер јунајтед за можното разрешување на тренерот Оле Гунар Солскјер.
Според резултатите, 64,4 отсто од навивачите сакаат заминување на 46-годишниот Норвежанец. Останатите 35,6 проценти од испитаниците му дадоа поддршка на тренерот.
Во истражувањето учествувале 4.400 фанови на Јунајтед.
Претходно, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ изрази поддршка за Солскјер.