Поранешната ѕвезда на Арсенал, Тиери Анри има неколку совети за напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, откако „црвените“ загубија од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.
Францускиот напаѓач му порача на Салах да не кажува ништо пред финалето откако Ливерпул доживеа нов пораз, бидејќи секако таквите зборови секогаш можат да ви се одмаздат.
Салах остана со скршено срце пред четири години откако се повреди по 30 минути во поразот на Ливерпул со 3-1 од Реал во финалето во 2018 година. Кога стана јасно дека оваа сезона ќе се бори против Реал Мадрид во финалето, првата ѕвезда на „црвените“ најави „одмазда за она што се случи во Киев“.
Сепак, не одеше според планираното, па Реал го сопре Ливерпул на крилата на прекрасниот Тибо Куртоа и стигна до 14. трофеј во Лигата на шампионите.
„Секогаш кажувам нешто, не зборувајте пред финалето. Победете го Реал Мадрид, па зборувајте и кажете „тоа беше одмазда и сето тоа“. Кога зборуваш пред финалето, мора да го победиш“, го советувал Анри Египќанецот.
„Толку пати го кажавме тоа, се работи за фрлање топка во мрежата. Реал го направи тоа еднаш, Ливерпул не го направи тоа и тука завршува се. Ливерпул имаше многу, но се соочи со Тибо Куротис. Запомни што кажав во полуфиналето „Луѓето не му го даваат признанието што го заслужува. Тој е еден од најдобрите голмани во светот и подобар од Едерсон, а тоа го покажа и овојпат“, тврди Французинот.