Тиери Анри некогаш беше сигурно еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Французинот ги помина најдобрите години од својата кариера во дресот на Арсенал и Барселона, а како играч успеа да освои се што може. Во летото 2007 година, тој ги изненади сите со тоа што одлучи да го напушти Арсенал и да замине во Барса, но тоа беше одличен потег за него.
Анри отиде во каталонски клуб за да ја освои Лигата на шампионите и успеа да го стори тоа две години подоцна. Сепак, тој призна дека не му било лесно во Барса затоа што мораше да се навикне на новиот стил на игра.
“Мислев дека знам да играм фудбал и дека знам сè за тоа. Но, кога дојдов во Барселона се чувствував како некој да ме репрограмирал. Ова не значи дека не го сакам Арсенал затоа што моето срце ќе биде таму засекогаш, но во Барселона беше навистина посебно“, рече Анри.
Тој се сети и на финалето во Лигата на шампионите во 2009 година против Манчестер Јунајтед кога Барса славеше со 2:0, и покажа колку сака да го игра тој натпревар.
“Се сеќавам дека бев повреден пред тоа финале. Лекарите ме прашуваа пред натпреварот дали сум во ред, и реков дека сум иако не можам да го свиткам коленото и да трчам нормално. Сакав да го играм финалето и јас сум среќен што сè помина добро. Не сум горд што ги излажав лекарите, но не згрешив “.