Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати, реши да го смени бројот на неговиот дрес пред почетокот на новата сезона.
Денес Фати потпиша нов договор со Каталонците до летото 2024 година, кој вклучува откупна клаузула од дури 400 милиони евра.
Исто така, овој 17-годишник реши да го смени бројот на дресот и повеќе нема да го носи бројот 31.
Откако Артуро Видал го напушти клубот, бројот 22 остана слободен, а токму Фати реши да го позајми тој број пред почетокот на новата сезона.
😍 Sueño cumplido
👕 Nuestro número 2️⃣2️⃣
✨ @ANSUFATI ✨ pic.twitter.com/no1rPNJDqD— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) September 23, 2020