ФУДБАЛ

Ансу Фати и даде ненормален услов на Барселона

Младиот 17-годишен фудбалер на Барселона, Ансу Фати постигна два гола против Виљареал во победата од 4:0 и се чини дека тој ќе има многу важна улога во тимот со Роналд Куман.

Фати е еден од најперспективните фудбалски камења, а играњето на 17-годишна возраст и постигнувањето голови во Ла Лига е најдобриот показател за каков талент станува збор.

Поради сето ова, тој се бара во сите големи клубови на Стариот континент и наводно Манчестер Јунајтед веќе понудил 150 милиони евра за Фати, но ова беше одбиено, а неговата клаузула за обештетување беше утврдена на 400 милиони евра.

Свесен за сето ова, Ансу, кој има договор со Барса до летото 2022 година, бара од клубот ненормални услови. Тој во моментов има 300,00 евра по сезона, Барса е подготвена да му даде милион евра, но играчот сака – 10 милиони евра!

Ова значи дека тој сака плата десет пати поголема од онаа што му ја нуди Барселона, а тоа може да биде нов проблем за Каталонците.

ПОВРЗАНО

Ла Лига