На неколку дена до крајот на преодниот рок, Ансу Фати конечно е отворен за заминување од Барселона.
На Шпанецот му е тешко да се помири со фактот дека и по заминувањето на Усман Дембеле, суспендираниот Рафиња, се уште нема место во стартните 11. Чави наместо тоа му ја даде довербата на Ламин Џамал, кој експлодираше и навистина покажа дека на моментот иако има 16 години е најопасен како крилен напаѓач.
Сигурните каталонски медиуми вечерва откриваат дека Фати сега е подготвен да си замине, но дека е поверојатно да биде на позајмица. Тој наводно има понуди од Челзи и Тотенхем, како и од Борусија Дортмунд и треба да се следат овие три опции.
Фати никогаш не беше истиот играч по тешката повреда на коленото во ноември 2020 година, Чави му даде шанса, но не ја искористи на вистински начин.
Неговото заминување ќе и ослободи простор на Барселона да го позајми Жоао Феликс, што е желба на Жоан Лапорте.
Барса нема што да плати за неговата амортизација, бидејќи тој е дете на клубот, па за Лапорта е „вин вин“ ситуација Фати да замине на позајмица и на тој начин да му ја отвори вратата на Феликс.
Не треба да заборавиме дека Жорж Мендес ги претставува и Феликс и Фати и дека тој ги држи конците во сите преговори. Тој долго време му кажуваше на Фати дека е подобро да си замине, во што верува и неговото семејство, но Ансу одби. Сега ситуацијата е променета, па се поизвесно е дека „десетката“ на Барса ќе го напушти клубот…
Што се однесува до споменатите опции, крилните играчи на Челзи, но Николас Џексон е единствениот центарфор, кој може да го покрие и Фати. Тука се Мудрик, Мадуек, Стерлинг, така што конкуренцијата е силна.
Во Тотенхем ситуацијата е малку поинаква, Ричарлисон е очаен, Сон и Кулушевски се стандардни крила, но конкуренцијата сигурно е помала.
Конечно, тука е Дортмунд, кој отсекогаш бил идеална отскочна штица за такви играчи и можеби е најдобрата опција за Фати…
