ФУДБАЛ

Ансу Фати постигна гол, почна да слави, а потоа со својот потег го возбуди целиот стадион

Натпреварот помеѓу Кадиз и Барселона го одбележаа немили сцени на трибините во самиот финиш на натпреварот.

Главниот судија го прекина натпреварот во 81. минута откако навивачите му дадоа знак дека нешто се случува, а на еден од навивачите не му беше добро.

Дел Серо веднаш им сигнализирал на лекарските тимови на Кадиз и Барселона да излезат на трибината и да му помогнат на несреќниот навивач на кој му се слошило и колабирал.

Набргу по нив пристигнале и членовите на Брзата помош кои почнале да го оживуваат навивачот кој доживеал срцев удар.

По повеќе од половина час драма успеале да го оживеат и стабилизираат, а потоа со Брза помош го префрлиле во болница.

Целата драма траеше речиси еден час, а откако брзата помош го напушти стадионот судијата им кажа на играчите дека играта ќе продолжи и дека ќе се одиграат преостанатите девет минути.

По продолжението на натпреварот, Барселона успеа да постигне уште два гола и на крајот да победи со 4:0.

Во центарот на вниманието во 86. минута беше Ансу Фати, кој постигна гол за 3:0 на асистенција на Роберт Левандовски, но потоа со својот потег ги воодушеви навивачите на Кадиз.

Ансу Фати се извини што го прославил голот бидејќи бил свесен дека на стадионот никој навистина не се грижи за фудбалот по се што се случи.

До крајот на натпреварот, во судиското надополнување, Усман Дембеле постигна фантастичен гол и ги постави конечните 4:0, но ниту Французинот не сакаше да го прослави својот гол.