ФУДБАЛ

Антоан Гризман го избра ПСЖ!

По пет години, Антоан Гризман одлучи да го напушти Атлетико Мадрид.

Францускиот напаѓач одлучи пред крајот на сезоната да им се обрати на навивачите и да го објави своето заминување од клубот и сите беа убедени дека тој ќе стане член на Барселона.

Сепак, Гризман кариерата ќе ја продолжи во редовите на францускиот шампион ПСЖ.

Каталонскиот „Спорт“ тврди дека 28-годишниот напаѓач постигнал договор со францускиот шампион, договорот е потпишан и тој треба да биде објавен наскоро.

Во „Паркот на Принцевите“ Гризман треба да го замени Единсон Кавани кој е на излезната врата на клубот и менаџментот прави сé за да се ослободи од него.