ДРУГИ СПОРТОВИ

Антонио Џовинаци ја напушта Алфа Ромео на крајот на сезоната бидејќи тимот најде нов возач

Италијанскиот возач Антонио Џовинаци ќе ја напушти Алфа Ромео на крајот од оваа сезона.

Џовинаци остави многу добар впечаток во болидот на италијанскиот тим во претходните сезони, а многумина беа сигурни дека тој ќе го продолжи договорот.

Алфа Ромео неодамна потврди дека Валтери Ботас доаѓа во тимот на местото на Кими Раиконен кој заминува во пензија, а се веруваше дека Џовинаци ќе остане дел од овој тим.

Сепак, Алфа Ромео денеска потврди дека Џовинаци го напушта тимот на крајот од оваа сезона и воопшто не е сигурно дека ќе може да најде нов тим.

Веќе е потврдено дека возачот на Формула 2, Гуању Џоу, ќе биде новиот возач на Алфа Ромео и дека тој ќе го заземе местото на Џовинаци во овој тим.

Џовинаци досега извозе 60 трки со болид на Алфа Ромео, а најдобриот пласман го постигна пред две години кога заврши на петтото место на Големата трка на Бразил.