ФУДБАЛ

Апенините „горат“ по контроверзната порака на Адриен Рабиот

Во дербито на Серија А синоќа, Јувентус беше поразен од Интер во Торино со 1:0.

Интер се врати во трката за Скудетото со тешка победа на најтешкото гостување, додека Јуве се збогува и дефинитивно нема да биде шампион на крајот.

Единствениот гол синоќа дојде по повторен пенал, а голот го постигна Хакан Чалханоглу. Најпрвин Хакан промаши пенал, па во продолжението од акцијата постигна гол, но тој беше поништен поради прекршок во нападот. Драмата не застана тука, бидејќи судијата го повтори пеналот бидејќи Де Лигт порано влезе во шеснаесетникот.

Турскиот репрезентативец погоди од вториот обид, па Интер стигна до големите три бода, но во Торино не се помируваат со поразот и продолжуваат жестоко да протестираат, најмногу против судиите.

„Одигравме добар натпревар, честитки за сите. Штета за резултатот, но тешко е да се одигра 11 против 12“, напиша Адриен Рабиот на социјалните мрежи по натпреварот.

 

Ова само ќе ги влоши и заострува односите меѓу двата клуба, а во Италија сигурно ќе има денови на расправа за судиските одлуки.

 

Судијата Масимилијано Ирати е омразена фигура во поголемиот дел од Торино, а тренерот Масимилијано Алегри беше толку бесен што во еден момент ја соблече јакната и ја фрли покрај четвртиот судија.

 

Интер сега има 63 бода и натпревар помалку од Милан и Наполи кои имаат по 66 бодови. Инаку, Милан својот натпревар го игра вечерва на Сан Сиро против Болоња. Што се однесува до Јувентус, тој останува со 59 бодови на четвртото место и има многу мали шанси да го освои Скудетото.

 

 

 

 

ПОВРЗАНО

Серија А