ФУДБАЛ

Апсурдно и збунувачки: Дали наградата отиде кај некој што не ја заслужува?

Синоќа во Париз се одржа церемонијата на доделување на Златната топка.

Пред да се очекува Карим Бензема да биде прогласен за најдобар играч во светот за претходната сезона, Франс Фудбал додели голем број други награди.

Така Гави ја доби наградата „Копа“ за најдобар млад играч, потоа на Мане му беше врачена наградата Сократис, трофејот Герд Мулер му припадна на Левандовски, наградата Лав Јашин му припадна на Куртоа, а Алексија Путелас ја освои Златната топка во женска конкуренција.

Една од наградите што ги доделува Франс Фудбал е наградата за најдобар клуб минатата сезона. Веројатно сите очекуваа тоа да биде Реал Мадрид, но тоа не беше така.

Иако кралскиот клуб го освои прво шпанскиот Суперкуп, па шпанската лига и Лигата на шампионите, не им беше доволно во Мадрид, покрај наградите Бензема и Куртоа, да ја донесат и наградата за најдобар клуб во светот.

Оваа награда отиде во Англија, на Етихад. Ја освои Манчестер Сити. Граѓаните минатата сезона ја освоија англиската Премиер лига, женската екипа беше трета во Премиер лигата, имаа пет играчи номинирани за Златната топка и една фудбалерка, што беше доволно да биде избрана за најдобра екипа во светот.

Да бидат работите уште поапсурдни, Реал Мадрид не беше ни втор, туку трет. Второто место му припадна на Ливерпул. Избраниците на Јирген Клоп минатата сезона ги освоија ФА и Лига купот, што беше доволно за да бидат пред Реал Мадрид, кој е европски првак.

Нешто иронично, сето ова на својот Инстаграм профил го коментираше играчот од средниот ред на Лос Бланкос, Тони Крос.

„Не е лошо да го имаш најдобриот играч на светот и најдобриот голман во својот тим. Честитки за Карим Бензема и Тибо Куртоа. Исто така, честитки за Реал Мадрид за третото место на листата на најдобри клубови во сезоната 2021-2022 “, напиша германскиот фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Toni Kroos (@toni.kr8s)

ПОВРЗАНО

Премиер Лига