Фудбалската репрезентација на Аргентина разочара на Светското првенство во Русија, по што Скалони на клупата го наследи Сампаоли.
Овој 40-годишен специјалист до сега Аргентина ја водеше до четири натпревари (две победи, еден нерешен резултат и еден пораз), а петтиот предизвик ќе биде пријателски натпревари против Мексико кој ќе се одигра во петок, 16 ноември и вторникот 20 ноември.
Скалони го објави списокот на играчи на кои ќе смета против старите ривали, интересно е дека Ерик Ламела, кој добро игра оваа сезона во Тотенхем, се најде на овој список.
Ламела е повратник меѓу „Гаучосите“, за кој последниот натпревар го одигра на 9 јули 2016 година против Венецуела. Од тогаш, тој добил повик само еднаш, но не играл.
Исто така на листата го нема Лионел Меси, кој привремено ја заврши својата епизода за играње во националниот тим, но затоа има многу големи ѕвезди како Паола Дибала, Мауро Икарди, Николас Отаменди…
