ФУДБАЛ

Аргентина го преименува лига купот во „Куп на Диего Армандо Марадона“

Смртта на легендата на фублот, Диего Марадона го потресе целиот свет, тој почина во средата на 60 годишна возраст, од срцев удар.

Наполи објави дека Стадионот „Сан Паоло“ ќе се преименува по нивниот најпознат син, додека во Аргентина, Лига Професионал го објави своето оддавање почит на Број 10.

„Во знак на почит кон незаборавниот капитен на аргентинската репрезентација , Купот на професионалната лига ќе биде преименуван во Куп на Диего Армандо Марадона“, се вели во соопштението.