Репрезентацијата на Аргентина синоќа ремизираше против Чиле (1:1) во првиот натпревар од групната фаза на Копа Америка.
Аргентинците не успеаја со победа да го отворат новото издание на Копа Америка во Рио де Жанеиро бидејќи Чиле им пружи одличен отпор, а овие селекции на крајот ги поделија бодовите.
Екипата на Аргентина беше многу подобра во првото полувреме. Првата шанса ја видовме во 12-та минута кога се обиде Лаутаро, но неговиот удар отиде високо над пречката на голот на Чиле.
Шест минути подоцна нова шанса за „гаучосите“. Овој пат можноста ја имаше Никола Гонзалес кога излезе сам пред Браво, но чилеанскиот голман успеа да го одбрани неговиот обид.
Сепак, во 33. минута Аргентина успеа да дојде до предност, а Лионел Меси беше во центарот на вниманието.
Најдобриот играч на светот уште еднаш покажа дека е стручњак за слободни удари затоа што постигна спектакуларен гол од слободен удар за 1:0.
Morning Blessed With this #Messi What a goal #CopaAmerica2021 pic.twitter.com/Am5S3LEtqC
— 🇦🇷 Vicky 🇪🇦 (@CulerVicky) June 15, 2021
Но, во продолжението од мечот, Чиле беше многу подобар. Првата сериозна шанса Чиле ја имаше во 53. минута преку Едуардо Варгас, кој излезе сам пред Мартинез, но не успеа да постигне гол.
Сепак, во следната акција судијата одигра пенал за Чиле. Видал беше соборен во шеснаесетникот, а откако го погледна ВАР, судијата реши да покаже на белата точка.
Видал ја презеде одговорноста, но Мартинез ја одбрани. Но, Варгас истрча на блокираната топка, погодувајќи ја мрежата на Аргентина за 1:1.
До крајот на мечот Аргентина се обиде да победи, но резултатот не се смени.
Во оваа група Парагвај е прв откако ја победи Боловија со 3:1, додека Аргентина и Чиле имаат по еден бод. Репрезентацијата на Уругвај не настапи во првото коло на Копа Америка.