ФУДБАЛ

Аргентина прогласи тридневна жалост по смртта на Марадона

Смртта на волшебникот Диего Армандо Марадона, ја потресе јавноста ширум светот.

Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, прогласи тридневна жалост поради смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.

Марадона почина денеска во неговиот дом, на 60 годишна возраст, во предградие на Буенос Аирес од срцев удар.

Со едноминутно молчење ќе биде оддадена почит поради смртта на аргентинскиот фудбалер Диего Марадона вечерва на натпреварите од Лигата на шампионите, соопшти УЕФА.