ФУДБАЛ

Аргентина прва во групата, минати и среќни Полјаци!

Аргентина и Полска изборија пласман во осминафиналето од групата Ц. „Гаучосите“ ја совладаа Полска со 2:0 и први се пласираа во осминафиналето, додека Полјаците го освоија второто место. На Мексико не му помогна тоа што беше подобар од Саудиска Арабија 2:1. Аргентина во четвртфиналето ќе игра против Австралија, а Полска против Франција.

Првите полувремиња на двата меча завршија 0:0. Аргентина и Мексико доминираа, но не можеа да поведат. Брилијантниот Шчечин ги задржа во игра Полјаците, дури му одбрани пенал на Лионел Меси. Бод им беше доволен на Полјаците да се пласираат во следната рунда.

Сепак, на стартот од вториот дел на двата натпревари беа постигнати голови. Најпрвин Мекалистер со одличен волеј удар ја доведе Аргентина во водство, а набрзо Мексико поведе преку Мартин.

Мексиканците тргнаа во офанзива која вроди со плод во 52. минута кога Чавез постигна страшен гол од слободен удар и ги зголеми 2:0. Аргентина им даде уште поголема надеж кога поведе со 2:0 преку Алварез во 68. минута.

Во тој момент Полска и Мексико беа изедначени во се и по бодови, гол разлика и меѓусебен скор. Полјаците беа во предност бидејќи имаа четири жолти картони, наспроти седумте на Мексико. Сите надежи на Мексико Саудијците ги срушија во петтата минута од судиското надополнување кога го намалија резултатот на 2:1 и практично ги одведоа Полјаците понатаму, иако Мексико пропушти голем број на шанси.